| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски не ја прими пораката од народот: Бројот на гласови на кандидатот на власта не е резултат на неговите квалитети

glasanje-izbiri-pretsedatel-(45)

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, во обраќањето до јавноста во врска со првиот круг гласање за претседателски избори место да му честита на противкандидатот Ѓорге Иванов, кој освои повеќе од 118.000 гласа од него, дрско, безобразно и со потценување соопшти дека резултатот на Иванов не се должи на неговите квалитети. 

–          Бројот гласови на кандидатот на власта, по мое уверување, не е резултат на неговите квалитети. Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Ни претстои вториот круг, имам намера до последниот ден да се борам за концептот и идеите во кои верувам. Уверен сум дека и во вакви услови на систематски притисок и уцени можеме да дојдеме до победа на 27 април – изјави Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top