Средновечен стружанец е повреден и пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, објави „Охриднет“.
Тој се наоѓал на тротоар на улицата 15 корпус кога врз него налетало возило мерцедес. Сообраќајната незгода се случила пред околу 1 час во центарот на Струга.
Според „Охриднет“ мерцедесот го удрил пешакот обидувајќи се да избегне удар на велосипедист кој се движел по улицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



