| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ: Поповски ќе биде вистинско изненадување

Претставникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов ги оцени денешните избори како релативно фер и демократски.

Како единствена црна точка тој го наведе инцидентот во Криволак, каде што, како што кажа, имаше брутално кршење на избирачка кутија, за која ГРОМ остро реагирал до ДИК.

Пренџов смета дека тоа што една новоформирана партија со нова изборна програма, толку бргу има и свој претседателски кандидат е голем успех и дека позитивните резултати за нивниот кандидат Зоран Поповски, ќе бидат вистинско изненадување.

– Сметам дека самиот факт што граѓаните имаат трета опција, е изненадување за сите, а сигурен сум дека ќе имаме и добри резултати – изјави тој.

Пренџов вели дека партијата сѐ уште нема никакви резултати, но се надеваат на позитивен резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top