| четврток, 6 декември 2018 |

54,21 проценти одѕив на битолчани до 17 часот

Општинските изборни комисии во Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила информираат дека во демократска атмосфера, мирно и без проблеми се одвива првиот круг од изборите за Претседател на Република Македонија.

Од општинската изборна комисија во Битола потврдуваат дека на 170-те избирачки места до 17 часот гласале 44.772 граѓани или 54,21 отсто од вкупно 82.588 граѓани колку што се запишани на Единствениот избирачки список.

Во општина Демир Хисар право на глас имаат 7.395 граѓани кои гласаат на 41 избирачко место, а до 17 часот гласале 4.941 лице или 66,82 од вкупното гласачко тело.

Во општина Могила право на глас имаат 5.589 граѓани кои гласаат на 23 избирачки места, а за иден претседател на Република Македонија до 17 часот гласале 2.910 граѓани или 52,06 отсто од граѓаните на Единствениот избирачки список.

Од ОИК-Новаци информираат дека до 17 часот од вкупно 3.042 гласачи на избори излегле и гласале 2.106 граѓани или 69,33 отсто од вкупното гласачко тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top