Во Општина Струга до 17 часот своето право на глас на петтите претседателски избори во Република Македонија го оствариле 21,57 проценти од вкупниот број запишани гласачи во единствениот избирачки список, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија.
Според него, изборниот процес во општина Струга тече мирно и без проблеми.
– Гласањето се одвива нормално и без проблеми и досега не се пријавени неправилности – соопштија од Општинската изборна комисија.
Во Струга денеска имаат право да гласаат 57.983 граѓани на 101 гласачко место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.