| четврток, 6 декември 2018 |

Жестоки судири во Харков – најмалу 50 повредени

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека при денешните судири во Харков меѓу учесниците во протести на приврзаници и на противници на федерализацијата настрадале 50 луѓе.

Десетмина од нив се хоспитализирани.

Околу три илјади луѓе учествувале во масовните демонстрации во центарот на градот.

Украински медиуми јавуваат дека околу 500 учесници на проруски митинг окупирале зграда на градскиот совет на Харков. До нив успеал да дојде градоначалникот Генадиј Кернес кој ги повикал да избешат луѓе за преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top