Според информации од трите општински комисии во гостиварскиот регион, Врапчиште, Гостивар и Маврово-Ростуше, изборниот процес се одвива без забелешки.
Во општина Гостивар од запишани 76.883 лица, правото на глас го искористиле 14.501 гласачи што е приближно 18.8 проценти.
Во општина Врапчиште, од запишаните 24.289, на гласачките места до 17 часот, излегле 2.947 граѓани односно 12.13 проценти.
Во Маврово-Ростуше, од 9.445 запишани во избирачкиот список, 2. 769 гласачи односно 29.32 проценти го оствариле своето избирачко право.
Вчера, во трите општини правато на глас имаа можност да го остварат 115 изнемоштени и болни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


