| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите блиски до СДСМ создаваат амбиент за изборeн пораз

Stevo Pendarovski Konvencija SDSM Pretsedatel (17) (Custom)

Изборните плачки на СДСМ и нивните мегафони продолжуваат и на изборниот ден. Заедничко за сите вести што ги пласираат порталите на СДСМ, а финансирани од СОРОС, е што се без аргументи и без потврдена соодветност.
Медиумите блиски до опозиција почнаа да подготвуваат терен за тоа што ќе го покажат резултатите вечерва, создавајќи амбиент за изборен пораз.

Сето ова покажува дека нервозата и паниката во редовите на опозициската партија е толку голема за да мора во денот кога е изборен молк да се создава алиби за очекуваните лоши резултати од изборите преку создавање  слика за евентуални нерегуларности. Тие уште во текот на вчерашниот ден почнаа со жалби и „плачки“, во нивни стил, како што беше случај и со минатите изборни циклуси во Македонија.

Ова за многумина е класично создавање алиби и е израз на голема слабост, но и на немање достоинство на раководството на опозицијата да истапи и да превземе одговорност.

Главната цел на медиумите финансирани од СОРОС, очигледно, е да се изврши притисок, да им се претстави на граѓаните дека во денешното гласање има нерегуларности. Иако преку 9000 лица се задолжени на терен да увидуваат  какви било пропусти, иако МВР ги стави на располагање своите капацитети, опозициските медиуми си ја зедоа улогата за оценување на состојбата на терен.

Основната задача на фондацијата СОРОС и на нивните оски, вклучително и сателитските невладини организации, како и портали формирани, главно, со пари од оваа организација, не е да помогнат во изборниот процес и да влијаат во зацврстувањето на демократските капацитети, задача што барем формално и засега само декларативно ја има во статусот на оваа фондација, туку е насочена како да се диквалификува изборниот процес преку одредени непотврдени случки и измислени настани, кои ги користат како евентуални показатели за некакви нерегуларности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top