| четврток, 6 декември 2018 |

Халими: Ќе создадам клима каде сите граѓани ќе се чуствуваат рамноправни

halimi

Доколку бидам избран за претседател, ќе се залагам и ќе настојувам во Македонија да создадам клима каде сите граѓани ќе се чуствуваат рамноправни, порача претседателскиот кандидат од ДПА, Илијаз Халими на вечерашниот митинг одржан во Порој.

Тој повика да гласаат за него за да се докаже дека Албанците имаат способни кадри за водење на државата.

На митингот се обрати и претседателот на ДПА Мендух Тачи, кој истакна дека во Македонија има предуслови да победи кандидат Албанец на претседателските избори.

– Бројката на гласови кои не се етнички Македонци, според некои анализи, е околу 900.000 илјади. Доколку сите се ангажираме Халими може да победи – рече Тачи.

ДПА денеска одржа средби во неколку села во Радуша, Свиларе и во Кондово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top