
За вкупно четири мерки се обезбедени средства во износ од 72,2 милиони денари. Мерките се субвенционирање на вработување, субвенционирање на вработување на деца без родители, обука кај познат работодавач и обука кај познат работодавач со субвенционирање.
-Со мерката субвенционирање на вработување планирано е да се опфатат 500 невработени лица, од кои до 80 лица од ранливите групи кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот за кои во период од шест месеци ќе се обезбедуваат средства во износ од 13.000 денари месечно, а за ранливите групи како жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, самохрани родители износот кој ќе се исплаќа изнесува 17.000 денари месечно. По 3.000 денари ќе се исплаќаат кај работодавачот како партиципација за трошоците. За реализација на оваа мерка се предвидени околу 50 милиони денари- истакна Ристовски.
Огласот важи до следниот петок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


