| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Изборите минуваат до фер и демократска атмосфера

Ivo kotevski mvr (Custom)

Главно мирно, во фер и демократска атмосфера поминува денешниот изборен ден, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Помошникот министер за односи со јавност, Иво Котевски, истакна дека согласно добиените информации од регионалните штабови на министерството и полициските станици, изборниот ден поминува без посериозни инциденти.

Помали инциденти се пријавени вчера, меѓу кои и помали оштетувања на штабови на политички партии во неколку градови во земјава.

Денеска е регистрирано едно нарушување на изборниот процес во струмичкото село Смоларе, кога бил нападнат член на извршниот одбор на избирачкото место 1782 во 7:30 утринава.

По брзата полициска интервенција, приведени се две лица, а гласањето продолжило по 10-минутна пауза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top