| четврток, 6 декември 2018 |

Театарот е мојата прва и најголема љубов, а музиката…

Од акте­ри­те по­себ­на по­чит има кон Ра­де Шер­бе­џи­ја, кој е и не­гов ли­чен при­ја­тел, по­тоа кон Зо­ран Рад­ми­ло­виќ, Ме­то Јо­ва­нов­ски, Бла­го­ја Чо­рев­ски, а во ед­на прет­ста­ва играл и со Ри­сто Ши­шков, за ко­го, исто та­ка, има иск­лу­чи­тел­но мис­ле­ње

Untitled-1

Со Ни­но Ве­лич­ков­ски се до­го­во­рив­ме да се срет­не­ме во култ­на­та де­бар­ма­ал­ска ка­фе­а­на „Ида­ди­ја“. Из­бо­рот не бе­ше слу­ча­ен. Ни­но пред 15 го­ди­ни има от­пе­а­но пес­на со там­бу­ра­ши­те на Шо­иќ ток­му за „Ида­ди­ја“. Тек­стот е на Јо­ван Пав­лов­ски, а му­зи­ка­та на Ми­о­драг Бо­жи­нов­ски – Ми­ќо, со ко­го Ни­но го вр­зу­ва­ат пре­крас­ни спо­ме­ни. Отка­ко ми го от­пеа ре­фре­нот за „Ида­ди­ја“, вед­наш го поч­нав­ме раз­го­во­рот, и тоа со ше­га, та­ка ка­ко што му при­ле­га.

- Јас сум Нин­ко, а си­те ме ви­ка­ат Ни­но. Ко­га не­кој од при­ја­те­ли­те ре­ша­ва­ат кр­стоз­бор и тре­ба да го на­пи­шат мо­е­то име и пре­зи­ме, ми ве­лат де­ка по­сто­ја­но им не­до­сти­га ед­на бу­ква, се раз­би­ра тие што ме зна­ат ка­ко Ни­но. Са­ка­ле да ме кр­стат Пе­ро, по ку­мот, но тоа име по­доц­на му го да­доа на мо­јот по­мал брат. Јас сум пр­во па ма­шко. Ро­ден сум на 2 мај 1954 го­ди­на во Ку­ма­но­во. Та­тко ми прос­ла­ву­вал во Ку­ма­нов­ска Ба­ња и ко­га раз­брал за пр­ва­та рож­ба, па уште син, го че­стел друш­тво­то це­ла не­де­ла. Та­тко ми, Бран­ко, бе­ше поз­нат сто­лар во Ку­ма­но­во со пре­кар Ка­ча­мак, а мај­ка ми Лил­ја­на е ве­ле­шан­ка и пе­е­ње­то го имам нас­ле­де­но од неа. Таа би­ла го­ле­ма пес­но­пој­ка во пом­ла­ди го­ди­ни – поч­ну­ва со при­каз­на­та Ве­лич­ков­ски.

Nino-Velickovski-rep83-1

Семејна фотографија на Величковски (втор од десно)

На нив­на­та до­маш­на сла­ва го­сти­те ги пре­че­ку­ва­ле со пес­на. Та­тко му им ве­лел: „Мој­то Ли­ле пое, аир­ли­ја сла­ва“.

Ос­нов­но и сред­но учи­ли­ште Ве­лич­ков­ски за­вр­шил во Ку­ма­но­во. Бил мно­гу акти­вен. Учес­тву­вал во драм­ска­та сек­ци­ја, играл фолк­лор, пе­ел во хо­рот итн. Во 1973 го­ди­на поч­нал во Ку­ма­нов­ски­от те­а­тар ка­ко актер. Во 1974 го­ди­на во Ку­ма­но­во се фор­ми­рал сцен­ски ла­бо­ра­то­ри­ум и бе­се­да при на­род­ни­от те­а­тар. Иста­та го­ди­на во прет­ста­ва­та „Мај­ка хра­брост” на Бер­толд Брехт имал уло­га со пе­е­ње. Со оваа прет­ста­ва ја до­би­ле пр­ва­та на­гра­да на драм­ски­те ама­тер­ски смо­три во то­га­шен Ти­тов Ве­лес, а по­тоа во Тре­би­ње ја прет­ста­ву­ва­ле Ма­ке­до­ни­ја на ју­гос­ло­вен­ски­те драм­ски ама­тер­ски смо­три и ја осво­и­ле пр­ва­та на­гра­да „Злат­на ма­ска” за комп­лет­на­та прет­ста­ва, а на­гра­да до­бил и ре­жи­се­рот Ми­шо Мар­ти­нов.

Nino-Velickovski-rep83-2

Величковски во улога на Св. Климент Охридски

Ко­га ве­ќе бил со­зре­ан ка­ко актер, во мај 1976 го­ди­на ре­шил да се при­ја­ви на Ака­де­ми­ја­та за глу­ма во Скоп­је. Ко­га раз­брал де­ка е од­би­ен, тоа го до­жи­ве­ал ка­ко го­лем, ли­чен по­раз.

- Те­а­та­рот е мо­ја­та пр­ва и нај­го­ле­ма љу­бов, па за­тоа тој мо­мент те­шко ме по­го­ди и сѐ уште го но­сам ка­ко гру­тка во ду­ша­ва – рас­ка­жу­ва Ни­но.

Но, тоа не го обес­хра­бри­ло и во сеп­тем­ври иста­та го­ди­на играл уло­га во прет­ста­ва на Ун­ков­ски. Во те­а­та­рот про­дол­жил да игра до 1986 го­ди­на. Од акте­ри­те по­себ­на по­чит има кон Ра­де Шер­бе­џи­ја, кој е и не­гов ли­чен при­ја­тел, по­тоа кон Зо­ран Рад­ми­ло­виќ, Ме­то Јо­ва­нов­ски, Бла­го­ја Чо­рев­ски, а во ед­на прет­ста­ва играл и со Ри­сто Ши­шков, за ко­го, исто та­ка, има иск­лу­чи­тел­но мис­ле­ње.

Прет­ста­ви во кои играл Ни­но Ве­лич­ков­ски се „Сла­ме­на шап­ка”, „Пас­кве­ли­ја”, „Хај-фај“, „Пог­лед од мо­стот”, а во „Сом­ни­тел­но ли­це” играл за­ед­но со бар­дот на ма­ке­дон­ско­то глу­ми­ште Пе­тре Пр­лич­ко, „Сре­бре­но­то ја­бол­ко”.

Ве­лич­ков­ски во сво­ја­та актер­ска ка­ри­е­ра играл во 100-ина прет­ста­ви. Во 1983 го­ди­на се фор­ми­рал окте­тот „Ку­ма­но­во“ и тоа би­ло пре­сврт­ни­ца во не­го­ва­та ка­ри­е­ра. Во 1986 го­ди­на играл во прет­ста­ва­та „Пур­пу­рен остров”, во ре­жи­ја на Вла­до Цве­та­нов­ски, и тоа би­ла пос­лед­на­та прет­ста­ва во ко­ја Ни­но оди­грал актер­ска рол­ја, а во исто вре­ме бра­тот на Вла­до, Љу­бе Цве­та­нов­ски му ги на­пи­шал три­те нај­у­ба­ви тек­сто­ви на пес­ни: „Ка­жи ми Ле­но ду­шо”, „Се­га е ве­ќе доц­на”, и „Сви­ре­те ми там­бу­ри”, култ­на пес­на што не е фе­сти­вал­ска, а е ста­ве­на на но­сач на звук. Му­зи­ка­та за овие пес­ни ја на­пи­шал Ми­о­драг Бо­жи­нов­ски. Из­вор­на­та пес­на „Ба­би­но де­вој­че”, ко­ја во 1988 го­ди­на ја пре­ра­бо­тил ка­ко ком­по­зи­тор Ми­о­драг Бо­жи­нов­ски, и „Сви­ре­те ми там­бу­ри” од 1989 го­ди­на се пес­ни што го исфр­ли­ја на по­вр­ши­на.

- Во тие го­ди­ни па­ра­лел­но на­ста­пу­вав и со окте­тот, а ра­бо­тев и со­ли­стич­ки и тоа во­оп­што не ми пре­че­ше. Окте­тот има сни­ме­но око­лу 250 но­са­чи на звук во МРТВ – ве­ли Ве­лич­ков­ски.

Nino-Velickovski-rep83-3Во 1987 го­ди­на во Ва­ље­во, Ср­би­ја со октет „Ма­ке­до­ни­ја“ би­ле ап­со­лут­ни по­бед­ни­ци со ака­пе­ла­та „Бо­лен ми ле­жи Ми­ле Поп Јор­да­нов”, ком­по­зи­ци­ја на Бо­жи­нов­ски, за ко­ја Ни­но сме­та де­ка е врв во не­го­во­то ком­по­ни­ра­ње. Ни­но пр­во поч­нал да пее за­бав­ни ме­ло­дии и ве­ли де­ка по­доц­на за­ски­тал во на­род­на­та му­зи­ка. На ва­лан­дов­ски­от фе­сти­вал е ре­до­вен учес­ник, а учес­тву­ва и на дру­ги­те фе­сти­ва­ли. Во 2003 го­ди­на на ва­лан­дов­ски­от фе­сти­вал осво­ил пр­ва на­гра­да од жи­ри­то со ком­по­зи­ци­ја­та „Уште ед­наш”, по текст на Ог­нен Не­дел­ков­ски, а му­зи­ка на Ми­ле Бар­ба­ров­ски и аранж­ман на Ми­о­драг Бо­жи­нов­ски. И во 2005 го­ди­на, исто та­ка, ја осво­ил пр­ва­та на­гра­да од жи­ри­то со пес­на­та „Не се тр­пат не­ми­ри”. Во 2008 го­ди­на, за­ед­но со Ме­ри­ма Ње­го­мир, во Ва­лан­до­во ја от­пе­ал ком­по­зи­ци­ја­та „Ние двај­ца”, по текст на Не­дел­ков­ски и му­зи­ка на Бар­ба­ров­ски и ја осво­ил пр­ва­та на­гра­да од жи­ри­то.

Ве­лич­ков­ски и на „Тум­ба-фест” има осво­е­но две пр­ви на­гра­ди. На 23 август оваа го­ди­на ор­га­ни­зи­ра­ше кон­церт по по­вод 30 го­ди­ни на му­зич­ка­та сце­на. Го­сти му беа Ви­о­ле­та То­мов­ска, гру­па­та „Бо­е­ми“, Вла­тко Сте­фа­нов­ски и дру­ги ко­ле­ги и при­ја­те­ли. Во сво­ја­та му­зич­ка ка­ри­е­ра до­се­га има сни­ме­но пре­ку 100 пес­ни со там­бу­ра­ши, а и пре­ку 150 со­ло-пес­ни.

Nino-Velickovski-rep83-4

- Тол­ку кол­ку што ти ка­ко пе­јач ве­ру­ваш во пес­на­та, тол­ку ќе ти ја при­фа­ти и пуб­ли­ка­та. Се­ко­ја но­ва пес­на е ка­ко но­ва рож­ба, ка­ко но­ви чев­ли за Ве­лиг­ден. Јас жи­ве­ам за му­зи­ка­та, а не од му­зи­ка­та. Се гор­де­ам што лу­ѓе­то ме до­жи­ву­ва­ат ка­ко бо­ем. Тоа е фи­ло­зо­фи­ја на жи­ве­е­ње­то. Стил на жи­ве­е­ње. Мно­гу важ­ни на­ста­ни се слу­чу­ва­ле во ме­а­ни, а јас та­му сум здо­бил мно­гу при­ја­телс­тва. Јас сум кос­мо­по­лит, фи­лан­троп, со ши­рок пог­лед кон све­тот. За ме­не го­ле­ма за­гу­ба и раз­о­ча­ру­ва­ње бе­ше ко­га во кра­ток пер­и­од ги за­гу­бив та­тко ми и мо­и­те со­ра­бот­ни­ци и дра­ги при­ја­те­ли Љу­бе Цве­та­нов­ски и Ми­ќо Бо­жи­нов­ски, кои беа иск­лу­чи­тел­ни лич­но­сти и врв­ни про­фе­си­о­нал­ци. Са­кам да че­ко­рам чес­но низ жи­во­тот и за ме­не би­ло важ­но да си ги из­ве­дам де­ца­та на прав пат – ве­ли Ве­лич­ков­ски.

Тој е та­тко на две ќер­ки – Маг­да и Ани­та, од ко­ја има вну­ка по име Бе­ла, за ко­ја ве­ли де­ка е не­го­ва инс­пи­ра­ци­ја. Че­сто е и по­крај сво­ја­та ста­ра мај­ка, ко­ја по­сто­ја­но ја сле­де­ла не­го­ва­та ка­ри­е­ра, а се­га тој са­ка да ѝ се од­дол­жи со љу­бов и вни­ма­ние.

Мо­мент­но Ве­ли­ков­ски ра­бо­ти ка­ко ди­ре­ктор на Фон­да­ци­ја­та за кул­ту­ра и за спорт во Ку­ма­но­во. Во пос­лед­ни­ов пер­и­од е по­све­тен на во­зоб­но­ву­ва­ње на сцен­ски­от ла­бо­ра­то­ри­ум „Бе­се­да” со цел да им се да­де шан­са на мла­ди­те што са­ка­ат да би­дат акте­ри. За свој нај­го­лем ус­пех во овие го­ди­ни го сме­та фор­ми­ра­ње­то на град­ски­от дет­ски хор, кој е под Фон­да­ци­ја­та за кул­ту­ра на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра и на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва, а ка­де што чле­ну­ва­ат 65 де­чи­ња. Фор­ми­ра­ле и град­ска мла­дин­ска пе­јач­ка гру­па за сред­но­школ­ци и мла­дин­ска во­кал­на гру­па, ка­ко и мла­дин­ски ин­стру­мен­тал­ни со­ста­ви што ќе со­ра­бо­ту­ва­ат ме­ѓу се­бе.

- Не са­кам да умре те­а­та­рот во Ку­ма­но­во. Са­ка­ме да му по­мог­не­ме. Ќе на­пра­ви­ме ко­ме­ди­ја, мју­зикл, лес­на прет­ста­ва, глед­ли­ва – го за­вр­шу­ва раз­го­во­рот Ве­лич­ков­ски.

 

(Пишува: Тони Стојкоски | Фото: Игор Ан­ге­лов­ски и при­ват­на ар­хи­ва
Текст објавен во 83. број на неделникот „Република“, 4.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top