Mодернизацијата на „Александар Велики“ го стави Скопје на картата на авиокомпаниите, стана дестинација која повеќе ветува, вели во интервју за агенцијата Марили Мурат Орнекол оперативен директор на ТАВ Холдинг.
-Ние ги промовираме македонските аеродроми на сите роуд шоуа, конференции, саеми за туризам и слични организации на кои присуствуваме, како што се конференции за сообраќајот, конференции на IATA за планирање на редот на летање, АТБ Берлин. Нашиот маркетиншки тим непрекинато работи со авиокомпаниите на нови можни дестинации. Веќе почнуваме да ги гледаме резултатите на наведените маркетинг-активности, вели Орнекол.
– Дозволете ми уште еднаш да укажам на значењето на аеродромите и на начинот на кој тие ги поттикнуваат економските активности. Тие нудат зголемена пристапност, поттикнуваат меѓународна трговија и генерираат работни места. Со зголемувањето на гостите и на корисниците на аеродромот, повеќе пари се влеваат во локаната економија. Според тоа, во услови на зголемена економска активност и вработеност, однесувањето на потрошувачите автоматски се менува, а животниот стандард на луѓето во регионот се подобрува. Сè ова има позитивно влијание, особено врз македонските граѓани. Веќе една година ја забележуваме оваа реалност и сметаме дека позитивното влијание ќе се одрази на продавниците, рестораните, сопствениците на хотели, како и на туристичките агенции, вели Орнекол во интервју за агенцијата Марили.
На скопскиот аеродром работат 37, а на охридскиот 31 авиокомпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.