| четврток, 6 декември 2018 |

Напнато во Украина, почна голема пресметка

украина

Украинските сили за безбедност денеска почнаа со акција против проруски групи кои во Славјанск на исток во државата, зазедоа згради на полицијата и Државната безбедност.
Украинскиот претседтаел упати повик до жителите на градот да бидат подалеку од прозорците и балконите во домовите.
Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков соопшти дека силите за безбедност почнале со „антитерористичка акција со цел прекин на активностите на сепаратистите“ во Славјанск.
– Со акцијата раководи антитерористичка единица на државната безбедносна служба, напиша Аваков на својот Фејсбук профил.
Тој додава дека во Славјанск се испратени припадници од сите безбедносни единици од целата држава.
Група од 20 вооружени лица вчера ја зазема прво зградата на полицијата во Славјанск, а подоцна и зградата на Државната безбедност. Проруски демонстранти воспоставија контролни пунктови на патишта кои водат кон Славјанск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top