Во Чиле е прогласена вонредна состојба откако пожар „проголта“ најмалку 500 куќи и уште беснее. Силните ветришта го шират огнот во двата соседни града Валпаризо и Вине Дел Мар на брегот на Пацификот во Чиле, каде што беснеат пожарите кои носат сѐ пред себе.
Најмалку едно лице е повредено во пламенот кој зафати најмалку 660 хектари површина, пренесува „Си-ен-ен“.
Според локалните власти, станува збор за еден од најголемите пожари во историјата. Пожарот се наоѓа на 50 километри од главниот град на Чиле, Сантијаго.
На теренот се излезени повеќе од 500 пожарникари, а има и хеликоптери.
Досега се евакуирани околу 3.000 жители, а некои луѓе буквално бегаа пред пожарот кој само во неколку часа однесе голен број куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.