| четврток, 6 декември 2018 |

Документите на Сноуден им ја донесоа престижната новинарска награда „Џорџ Пол“ на Гринвалд и Поитрас

Американските новинари Глен Гринвалд и Лора Поитрас во петокот навечер ја примија престижната награда Џорџ Пол за најдобра новинарска работа, поради тоа што минатото лето први ги објавија документите на Едвард Сноуден кои го открија постоењето на програмите за следење на американската Агенција за национална безбедност (NSA) со кои се следат електронските комуникации на милиони луѓе во светот.

-Оваа награда, всушност, му припаѓа на Едвард Сноуден”, изјавила Лора Питрас, којашто живее во германската престолнина Берлин каде се занимава со снимање документарни филмови, на церемонијата којашто се одржала во Њујорк.

Американскиот новинар Глен Гринвалд, донеодамнешен репортер на британскиот дневен весник The Guardian, кој живее во бразилски Рио Дежанеиро, по враќањето во Њујорк изјави дека тој и Поитрас не биле сосема сигурни дека американските власти нема да ги уапсат. Според него, американското министерство за правда откажало да им одговори на неговите адвокати дали против нив е подигнато некакво обвинение. Сепак, двајцата новинари без проблеми го напуштиле њујоршкиот меѓународен аеродром „Џон Фицџералд Кенеди”.

Добитници се на споменатото новинарско признание се и дописниците на The Guardian и на The Washington Post, Ивен Макаскил односно Бартон Хелман, коишто исто така објавуваа документи од американската тајна служба доставени од Едвард Сноуден.

 

Наградата е воспоставена во 1949 година од Универзитетот Лонг Ајленд во спомен на репортерот на телевизиската мрежа CBS Џорџ Полк кој загинал при подготовка на материјалот за граѓанската војна во Грција. Годинава признанието се доделуваше во тринаесет категории и им беше доделено на околу триесеттина соработници на разни медиуми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top