| четврток, 6 декември 2018 |

Гугл го прикажа Крим во составот на Русија

Популарниот интернет-пребарувач „Гугл“ ја обнови својата карта на maps.google.ru, на која отсега Република Крим е прикажана како територија на Руската Федерација.

На картата е прикажана границата меѓу Крим и Украина, додека границата меѓу Крим и Русија повеќе не постои. На maps.google.ru линијата е полна, а на maps.google.com – со контури.

Крим од 24 март е прикажан како територија на Русија на интернет-страницата на Кремљ. Крим и Севастопољ, исто така, се означени како руски територии и на картите на Горниот дом на парламентот на Руската Федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top