| четврток, 6 декември 2018 |

Mакедонскиот тенор Благој Нацоски дебитираше во Бразил

По ланскиот деби настап во Уругвај, македонскиот тенор Благој Нацоски по втор пат се враќа на јужноамериканскиот континент овој пат во Бразил каде ќе настапи во најпрестижниот театар во Јужна Америка, Театро Мунисипал во Сао Паоло.Се работи за претставата Фалстаф, инаку последната опера на Џузепе Верди напишана по Шекспировите книги „Веселите жени Винздорки“ и „Едвард Шести“, но во модернизирана режија.

Режисерот Давиде Ливермор операта ја „пренесе“ во 70-тите години од XX век во Лондон, каде Фентон (Благој Нацоски) и неговата љубовница Нанета (бразилката Лина Мендез) се во Панк стил. Во насловната улога ќе настапи Амброџо Маестри кој во моментов е најпознат Фалстав во светот и кој минатиот декември ја испеа јубилејната 200-та претстава во оваа улога во Метрополитен Операта во Њујорк. Аличе е Вирџиниjа Тола од Аргентина која редовно настапува со Пласидо Доминго, а диригент е Џон Нешлинг. По Сиетл, САД и Монтевидео, Уругвај за Нацоски ова е трета продукција на операта Фалстаф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top