| четврток, 6 декември 2018 |

Барса пак се лизна, титулата и во Шпанија се подалеку од Каталонците (видео)

Барселона неочекувано загуби од Гранада со 0-1 на гостински терен и се оддалечи од титулата и во Шпанија. Домашниот тим славеше голема победа со голот на Брахими во 16 минута и е се поблиску до опстанок во Примера Дивизија.

Барселона испадна од натпреварите во Лигата на шампионите во двомечот со Атлетико Мадрид, тим што заедно со градскиот ривал Реал е главен конкурент на Барса за трофејот во шпанското првенство.

Атлетико е лидер со 79 бода и 6 натпревари до крајот, Барселона има бод помалку и меч повеќе. Реал е на третата позиција со 76 бода и ист број на натпревари како и Атлетико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top