| четврток, 6 декември 2018 |

ОН конечно призна: Ве запрашуваме и ги контролираме временските прилики!

Пред два дена, седницата на Обединетите нации беше посветена на контролата на времето, на „кемтрејлси“, запрашувањето и сето она што владите на овој свет со години наназад не го признаваат и сеуште јавно говорат дека „кемтрејлси“ се теории за завера за кои нема докази. Тогаш навистина е неверојатно како ОН на својата седница расправаат за хемикалии кои авионите ги испуштаат врз нас.

Наведено е дека тоа се експерименти на приватни компании и светски влади, а целта е, како што тврдат, контрола и измена на временските прилики во корист на заштитата на земјоделските посеви поради глобалното затоплување, кое, како што веќе на сите им е познато, е голема лага на кога се свртуваат милијарди на даноци за јаглерод диоксид. Сега воопшто не се грижат јавно да говорат за тоа како авионите навистина ги менуваат климатските промени со помош на хемиски супстанци кои се испуштаат во воздухот. Само што не е јасно кој им го дозловил тоа на приватните компании и светските влади, да ги вршат своите експерименти над човештвото.

Години наназад ги уверуваа луѓето дека не гледаат добро, дека траги на небото не постојат, дека станува збор за регуларни авиони и кондензациски гасови од нив. Со години говореа дека нема запрашување и дека тоа е теорија на завера и што е најлошо од се, успеаја да излажат голем дел од луѓето.

Теоријата на кемтрејлерите ја дискредитираа, така што денеска постојат луѓе кои и покрај сите докази ќе говорат дека се тоа се теории на завера и дека тоа не е вистина.

Според резултатите на анализите на дождовницата и примероци на земја, кемтрејлсите, меѓу другото, во најголем процент се состојат од алуминиум оксид, соли од бариум-диброметан, канцероген додаток за гориво и инстектицид, влакнести материи од кафена боја слични на пајажина. Алуминиум-оксид и соли на бариум се најзастапени состојки во кемтрејлсите и тие одлично ги абсорбираат радиоактивните материи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top