| четврток, 6 декември 2018 |

Антон Силуанов порача од Вашингтон: Ако сака помош, Украина да го признае Крим

Украина би требало да ја признае независното на Крим, да ја среди кризата во источните региони и да гарантира права на населението кое говори на руски јазик-доколку сака да добие финансиска помош од Русија, порачуваат руските власти.

-Доколку Украина ги исполни овие услови, Русија ќе биде во можност да понуди дополнителна помош кога станува збор за финансиите, но и прашањето за гасот, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов во Вашингтон, по средбата со германскиот колега Волфганг Шојбле.

Тој порача дека смирувањето на  тензиите на истокот на Украина би требало да биде спроведено на мирен начин, врз база на украинските закони, „без дискриминација на населението кое говори руски јазик, без жртви и крвопролевање“.

Како што пренесе „Раша тудеј“, Силуанов ја нагласи неопходноста на уставни реформи во Украина, како и одржувањето на легитимни претседателски избори и формирање на влада со која, како што рече, „може да се преговара“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top