Пораката од рускиот претседател Владимир Путин до лидерите на 18-те европски земји по прашањето за украинскиот долг за рускиот природен гас и снабдувањето во Европа, се сфаќа сериозно во Европската унија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во петокот на прес-конференцијата по средбата со грчкиот премиер Антонис Самарас во Атина.
-Има толку многу причини сериозно да се земе предвид пораката (од Путин) и Европа да ја третира сеопфатно и единствено. Министрите за надворешни работи че одржат состанок во понеделник. Ќе има контакт меѓу Американците, Русите и Украинците на ниво на шефови на дипломатии, а ќе биде претставувана и Европската унија, изјави Меркел.
Германската канцеларка истакна дека цената на природниот гас треба да биде разгледувана, а еврокомесарот за енергетски прашања Гинтер Отингер и другите претставници на европските земји треба да преговараат со (руската енергетска компанија) ‘Газпром’. „Кога ќе ги направиме сите овие чекори, веруваме дека е го достигнеме заедничкиот договор за земјите кои се соочуваат со проблемот, бидејќи тие го добиваат природниот гас од ‘Газпром'”, рече Меркел.
-Ние сакаме да бидеме добри клиенти, но тоа значи и дека можеме да се потпираме на испораките, и Украина тоа го знае и е должна тоа да го разбере. Тоа го разгледувавме и со Самарас и не постои несогласување по ова прашање, додаде германската челничка, пренесе AFP.
Иако тензиите меѓу Западот и Русија сѐ уште се високи во врска со источните проруски региони на Украина, каде што русофонските активисти заземаа државни и административни згради во Харков, Донецк и Лиганск, изгледа дека главниот спор меѓу Москва и Брисел е стане прашањето на гасот, односно големиот долг што Русија не може да го наплати од Украина која ја има политичката поддршка од западот.
Големото количество гас коешто Европската унија го добива од Русија доаѓа од гасоводите кои водат преку украинската територија. Во писмото до европските челници рускиот претседател Владимир Путин изрази стравувања дека големиот украински долг ќе предизвика проблеми во снабдувањето со овој енергенс на европските потрошувачи.
Украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан, кој инаку беше министер во истиот ресор во владата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која го потпиша договорот во 2009 година со важност до 2019 година за набавка на рускиот гас по целна до 400 долари за илјада кубни метри гас, изјави дека неговата земја „не може да плати таква политичка, неекономска цена и затоа разговараме со Европската унија” за тоа како Украина да се снабди со гас.
Украина инаку набавува гас во Европа преку Полска од ноември 2012 година, според договорот со германскиот концерн RWE. Од крајот на март 2013 година почна да се снабдува преку Украина, а сега Киев се обидува да договори ткн повратен гас и преку Словачка.
Брисел би можел да ѝ помогне на Украина да го отплати долгот за испорачаниот руски гас, изјави, пак, комесарот на Европската комисија за енергетика Гинтер Отингер во петокот за австриското радио ORF.
-Тесно соработуваме со Украина и нејзината нафтена компанија за да обезбедиме таа да го исплати долгот и долговите на нејзината нафтена компанија (‘Нафотагз’) ко руската компанија ‘Газпром’ да не растат и натаму. Подготвуваме решение во рамките на пакетот помош што на Украина ѝ го даваат Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и Светската банка”, појасни Отингер.
Подоцна во петокот, рускиот претседател се обиде да ги ублажи европските стравувања за можен прекин на снабдувањето со рускиот гас кој ги задоволува третина од нејзините потреби. При претходните руско-украински спорови за цената во зимата 2005/2006 и во 2008/2009 година, што доведе до намалување на испораките на енергентот за европските корисници на рускиот гас низ гасоводите преку Украина, при што Москва го обвинуваше Киев дека ги поткрадува гарантираните испораките на гасот за европските потрошувачи што се содржат во билатералните договори.
-Сакам повторно да кажам дека немаме намера и не планираме да ја прекинеме испораката на гасот за Украина. Им гарантираме на нашите европски клиенти исполнување на сите наши обврски”, изјави во петокот Путин на седницата на рускиот Совет за безбедност”, пренесе РИА Новости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


