Украинските власти префрлуваат специјални единици на исток на земјата за да го угушат бунтот. Во Харков се судрија полицијата и демонстрантите, а Лавров бара од Украинците да престанат да ја обвинуваат Русија. Собранието на Украина ја разгледува нацрт резолуцијата за воведување на вонредна состојба во Донеската, Луганската и Харковската област.
-Киев префрла три специјални единици на исток на земјата, меѓу кои се припадниците на „Десниот сектор“ и платениците „Блеквотер“ облечени во украински униформи, за да го угушат бунтот што побргу и што побрутално, рече за „РИА новости“ извор близок на украинското министерство за внатрешни работи, пренесува „Раша тодеј“.
Полицијата се судрила со демонстрантите во Харков, со цел да ги исфрли од управната зграда, која активистите ја зазедоа и прогласија независност, во вториот по ред град на североистокот на Украина.
Рускиот министер за надворешни рабори, сергеј Лавров повтори Киев да престане да ја обвинува Москва за своите проблеми, пренесува „Раша тудеј“.
Прес службата на парламентот соопшти дека Врховната рада го разгледува законскиот акт за воведување на вонредна состојба во трите области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.