Откако Вељко се вери со Маша, неговата сестра Анастазија почнала врска со братото на идната снаа.
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастазија (16) е во љубовна врска со Костадин Терзиќ (22), син на Звездан Терзиќ. Љубовта на младите не би била спорна доколку сестрата на Костадин, Маша и Вељко не се верени и честопати ги полнат страниците на весниците како атратктивни потомци на познати родители, на кои па, сето ова воопшто не им се допаѓа.
Сепак, ниту Анастазија, ниту Костадин не се грижат занегативните коментари и целото свое слободно време го поминуваат заедно. Вљубени се и не го кријат тоа. Додуша Анастазија предничи во тоа, па на „Фејсбук“ истакнала дека е во врска со него.
-Два месеа после врската на Маша и Вељко, кога синот на Цеца почнал интензивно да се дружи со идниот шура, им се придружила и Анастазија. Од другарство со тек на време се родила љубов меѓи ќерката на Цеца и синот на Терзиќ. На почетокот со нив се дружел и другиот брат на Маша и Костадин, Никша, но набргу сфатил дека е прекуборен, вели еден од другарите на децата на Цеца.

Костадин студира на Факултетот за економија и финасии, а до пред еден месец беше во љубовна врска, а и Анастазија имаше момче. Маша е единствената од двете семејства која е на страната на љубовта меѓу Анастазија и Костадин и вели дека се преубава двојка.. На профилот на Анастазија на „Фејсбук“ се појави интересен коментар кој веднаш доби многу „лајкови“ од нејзини пријатели. Коментарот гласи: „Па вие сите сте се заљубиле. Цеца нема да знае кој што и е“.
Терзиќ не одговара на повиците од медиумите, што воопшто не е чудно со оглед на тоа дека и порано за медиумите не сакаше да ја коментира веридбата на ќерката Маша со Вељко, синот на Цеца.
-Тоа се несериозни детски игри, рече тогаш Звездан Терзиќ.
Ниту Цеца не е расположена за коментирање на врската на нејзината ќерка Анастазија со синот на Звевздан терзиќ и не одговара на повиците и пораките од новинарите.. од друга страна јавно ја поддржа врската меѓу Вељко и Маша и откри дека дури избрала и прстенот со кој нејзиниот наследник за запросил девојката. Идната снаа таа минатиот викенд ја носела на нејзиниот концерт во Вршац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


