| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени четворица бегалци од правдата

кола

Скопската полиција за само два дена лиши од слобода четворица скопјани кои се барале за издржување на затворска казна.

СВР Скопје вчера го лиши од слобода 46 годишниот Селатин С. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од пет години, за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице”. Скопјанецот бил спроведен во Полициска станица „Ѓорче Петров” за понатамошна постапка.

Полицијата во четвртокот го лишеше од слобода Златко К.(48), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба”. Тој спроведен во Полициска станица „Чаир” за понатамошна постапка.

Во четвртокот бил уапсен и Дарко М.(29), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. Тој бил спроведен во Полициска станица „Драчево” за понатамошна постапка.

Скопската полиција го уловила и Асан Џ. (29), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од педесет дена, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот”. Истиот е спроведен во Полициска станица „Чаир” за понатамошна постапка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top