Кирил Лазаров постигна 7 гола во победата на Барселона против Арагон со убедливи 48-22, со што Каталонците ја освоија 21. титула во Шпанија на 5 кола до крајот на шампионатот.
Лазаров беше најефикасен на мечот заедно со Хуан Гарсија, а интересно е што македонскиот репрезентативец не промаши ниту еднаш, вклучувајќи ги и трите удари од 7 метри.
Барселона е во игра и за европската круна, а во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе игра со германскиот тим Рајнекар Левен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


