| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во собата на Шумахер

sumaher

Обезбедувањето од болницата во која Михаил Шумахер се лекува фатиле двајца непознати мажи кои се обиделе да влезат во собата на Герамнецот , го сликале со цел да сги продадат фотографиите на оние кои ќе понудат најмногу.

Инцидентот се случил пред две недели, но дури денеска оваа информација протече во јавност.

Како што пренесуваат германските медиуми, ова не е прв пат некој да дојде и да го фотографира поранешниот германски возач на Формула 1 Михаил Шумахер кој од  29.декември е во вештачка кома.

Само два дена по страшната несреќа на француските Алпи, човек облечен како свештеник се обидел да влезе во собата на Михаил Шумахер, но и тогаш обезбедувањето го спречиле.

До сега, за овие три месеци додека Шумахер лежи во болница ниедна фотографија не е објкавена во јавноста. Се проценува сопственикот на такви фотографии би добил големи пари , цифра која се мери со стотина илјади евра.

Од друга страна семејствот на седумкратниот шамнпиона во Формула 1 се згорзени од ваквите обиди.

– Ваков инцидент е за осуда – изјавила менаџерката на поранешниот возач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top