Свечено е отворен 46ти Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2014 година. Вчера во Музеј на Народна Борба скопскиот градоначалник Коце Трајановски го прогласи за отворен овој Кајак Слалом. Беа наградени најзаслужните кои придонеле во кајакарскиот спорт, меѓу кои и Мичо Поповски. На сите покровители и поддржувачи на оваа манифестација им беа доделени статуетки во знак на благодарност.
Со ова кајакарската патека на Матка, крај Скопје, повторно е домаќин на традиционалниот Илинденски кајакарски слалом, кој по 46. пат се одржува овој викенд. Убава долгогодишна традиција со која ретко кое натпреварување во Македонија може да се пофали. Се очекува настап на натпреварувачи од повеќе од 10 земји, меѓу кои и нашите репрезентативци Атанас Николовски, Игор Стефановски, Борче Мирчевски, Иван Делиев, Огнен Бражански, Александар Златаров, Вили Јорданов, Димитар Велков и уште неколку млади и надежни кајакари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.