| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено отворен 47. Илинденски Кајак Слалом

Натпреварите на 47. Илинденски Кајак Слалом започнуваат со квалификациските трки во сабота од 10 часот, додека финалните трки ќе се случуваат во недела со почеток во 10 часот. Град Скопје организира бесплатен автобуски превоз за сите заинтересирани кои викендов ќе сакаат да ги следат трките на Матка

kajak 2015 (2) (Custom)Вечерва официјалното е отварен ИКАС 2015. Во Конгресен центар „Борис Трајковски“ со свеченост започна 47. Илинденски Кајак Слалом кој ќе се одржи на 4 и 5 април на Матка во Скопје. Според проценките на организаторите викендов на актуелното издание на ИКАС ќе учествуваат над 100 натпреварувачи од 11 земји.

Традиционалиот меѓународен кајак слалом и годинава е актуелен помеѓу големите кајакарски имиња од регионот. Ќе се натпреваруваат 150 кајакари од 11 држави. Натпреварите во машка конкуренција се во три категории К1,Ц1 и Ц2 додека во женска конкуренција во две категории К1 и Ц1.

kajak 2015 (3) (Custom)-Целта на Кајакарската федерација на  Македонија е ова традиционално натпреварување да влезе во светската серија на бодување со што ИКАС би  прераснал во натпревар од светски рамки , а со тоа би се зголемил и бројот на учесници и бројот на посетители во Република Македонија-посочи деновиве спортскиот директор на ИКАС Атанас Николовски.

Новина на годинешниот ИКАС е и развојниот камп кој е организиран со поддршка на Светската кајакарска федерација и истиот започна изминатава недела. На кампот учествуваат седум држави со 30 учесници,предводени од  двајца македонски тренери Огнен Бражанаски и Атанас Николовски  а координатор на целиот камп е францускиот тренер Силван Леукс.

kajak 2015 (6) (Custom)– Кампот е целосно покриен од страна на Светската кајак федерација а Кајакараската федерација на Македонија ја понуди патеката Матка која располага со прекрасни услови за овој спорт. Целта е со вакви  збиднувања Матка да биде центар на кајакарскиот спорт во овој дел од Европа, истакна Леукс во своетот обраќање.

Натпреварите започнуваат со квалификациските трки во сабота од 10 часот, додека финалните трки ќе се случуваат во недела со почеток во 10 часот, а благодарение на поддршката на Град Скопје на овој настан, ќе има организиран и бесплатен автобуски превоз за сите заинтересирани посетители кои викендов ќе сакаат да ги следат трките на Матка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top