| четврток, 6 декември 2018 |

Втор силен земјотрес во Никарагва

никарагва

Нов земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала ја погоди Никарагва, соопшти денеска американскиот Геолошки институт.Потресот бил на длабочина од 138 километри под површината на земјата, а епицентарот се наоѓал на околу 24 километри јужно од Гранада. Земјотресот се почувствувал и во соседните Салвадор и Костарика, а засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Никарагва во четвртокот беше погодена од земјотрес со интензитет од 6,1 степен, при што едно лице загина, 33 се повредени, а над 800 куќи биле оштетени, соопштија локалните власти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top