| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ се врати со 4 поени, јастребите од Атланта во сигурен лет кон плејофот во НБА

Перо Антиќ се врати во составот на Атланта хоукс со победа против Бруклин од 93-88, за сигурен лет на „јастребите“ кон плејоф натпреварите во НБА лигата. Македонскиот репрезентативец постигна 4 поени за нецели 18 минути игра како резерва, откако на претходниот меч не играше.

Хоукс сега се на само ена победа до пласман во доигрувањето, а треба да слават на еден од трите преостанати дуели во регуларниот дел од сезоната. Атланта има биланс од 36 победи и 43 порази на осмата позиција во источната конференција, со предност пред главниот конкурент Њујорк никс, екипа што има биланс од 34-45 и уште три натпревари за доигрување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top