
Новинарите на британскиот јавен сервис “Би-Би-Си“ од полноќ започнале 24-часовен штрајк поради планот за масовно отпуштање на вработените.
Штрајкувачите одговориле на повикот од Националното здружение на новинари, бидејќи пропаднале договорите за преквалификација на 30 вработени, на кои сега им се заканува отказ.
Од 2004 година во “Би-Би-Си“ работата ја изгубиле седум илјади лица, а до 2017 година се планира укинување на уште две илјади работни места.
“Членовите на Националното здружение на новинари реагираат за да се задржат работните места и квалитетниот јавен сервис“, рекла генералната секретарка на Здружението, Мишел Стенистрит.
Според неа штрајкувачите се вознемирени од одлуката на врвот на “Би-Би-Си“ бидејќи новинарите остануваат без работа, а се загрозува и’ квслитетното новинарство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


