Животните кои носат облека и зборуваат како луѓе се штетни за интелектуалниот развој на децата, тврдат група канадски научници.
Истражувачите од Универзитетот во Торонто истакнуваат дека децата треба да читаат реалистични книги за природата и светот.
– Книгите во кои животните имаат човечки особини, како што се Мики Маус или Вини Пу, се лоши за децата бидејќи ги наведуваат да мислат дека такви се и во природата. Тоа влијае на способноста на децата да ја согледаат реалноста и да ја запознаат правата природа на животните, истакна шефицата на истражувањето, психологот Патриша Гене.
За време на истражувањето канадските експерти го анализирале однесувањето и ги испитувале децата на возраст од две до пет години. Поголем број од децата мислеле дека животните можат да зборуваат и да пеат како и луѓето односно како нивните јунаци од сликовниците.
Гене истакнува дека родителите треба да им читаат книги кои се пореалистични со цел да им ја приближат природата на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


