Актерот Вејн Алвин, кој 30 години го позајмуваше гласот за цртаниот лик Мики Маус, дваесет години бил во брак со актерката Руси Тејлор, која, пак, го позајмувала гласот за Мини Маус.
Познатиот акте, гласот за Мики почнал да го позајмува во 1977 година.
Неговиот „фалсет“ можевме да го слушнеме до 1983 година во филмот „Божиќната песна на Мики Маус“, како и во бројни забавни паркови на Дизни низ светот.
Во 1986 тој освои награда „Еми“ за обработка на звукот во серијалот за „Ен-Би-Си“, „Неверојатни приказни“.
– Мики е вистинска ѕвезда. Едноставно мора да го сакате тоа „момче“ додека го имате бидејќи знаете дека нема да е ваш засекогаш – изјави Алвин.
Вејн Алвин почина во 2009 година, а почесниот директор на „Волт Дизни“, Рој Дизни, изјави дека актерот не му го позајмил на Мики само неговиот глас, туку и неговото срце и душа.
Од друга страна, Руси Тејлор е американска актерка која гласот на Мини Маус ѝ го позајмуваше до 1986 година, што е најдолга ваква улога направена некогаш.
Инаку, таа моментално го позајмува гласот за дел од ликовите на Симпсонови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.