| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел во официјална посета на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигна во официјална посета на Грција, во знак на поддршка на економската обнова на земјата.

Предвидено е Меркел да се сретна со премиерот Андонис Самарас и ќе учествува на форумот за плади претприемачи.

Анкетите покажуваат дека Меркел, која инсистира на реформи и економски мерки, е виновна за падот на економијата во Грција, каде невработеноста од 28проценти е на рекордно ниво.

За време на последната посета на Меркел на Атина во 2012 година околу 60.000 луѓе протсетираа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top