ЕВН Македонија и оваа година е дел од саемската манифестација Денови на образованието и кариера и на нејзиниот штанд на Скопски саем
заинтересираните студенти имаат можност да се информираат за програмите за вработување на младите кадри кои ги спроведува компанијата.
– Заклучно со утре на саемскиот простор во хала 2, ќе бидат промовирани практиканската работа, програмата за стипендирање и Trannies програмата за 2014 преку кои младите можат да се стекнат со работно и професионално искуство потребно за нивниот кариерен развој – велат од компанијата.
Оттаму истакнуваат дека заинтересираните студенти за овие програми можат да достават своја куса биографија и мотивациско писмо на штандот на ЕВН Македонија или на адреса:praktikum@evn.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.