| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Со измените во законите ќе се создаде модерен и ефикасен систем на администрација

Носителот на ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска заедно со претседателскиот кандидат, Ѓорге Иванов, денес пред младите во општина Гази Баба ги презентираа новите измени во законите за државни и јавни службеници.

promocija-500

-Целта на измените е да се создаде модерен, професионален и ефикасен систем на администрацијата. Со законите се врши унификација на основните постулати на статусот на сите вработени преку модерни методи, кои се користат во современите администрации. Современиот начин на управување со човечките ресурси е одлика на големите корпорации, прилагоден на нашите услови и законска регулатива – истакна Јанкулоска.

Младите покажале посебен интерес за проектите предвидени во програмата на ВМРО ДПМНЕ, а кои се поврзани со информатичка технологија, како што се е-пријава за упис во основно/средно училиште и факултет, можноста за купување на карта за јавен превоз преку СМС, порталот за учење и развој на вештини и електронско портфолио за студентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top