| четврток, 6 декември 2018 |

Има огромна разлика, шампион на Европа во ракомет за 250 илјади евра, една победа во фудбалската ЛШ вреди исто

Европската ракометна федерација (ЕХФ) се пофали дека го зголеми наградниот фонд во Лигата на шампионите и дека новиот шампион на стариот континент ќе добие 250 илјади евра, сума што е прескромна во однос на фудбалската ЛШ.

Клубовите што учествуваат во ракометната ЛШ се незадоволни од наградниот фонд, а споредбите држат вода. Европскиот шампион во ракомет ќе добие еднаква сума пари за триумф во Келн на завршниот турнир, со која  било фудбалска екипа што во фазата по групи во ЛШ барем еднаш ќе победи. УЕФА исплаќа околу 250 илјади евра за еден триумф, а ЕХФ  нуди иста награда, но само ако станете шампион на Европа.

Лани европски клупски првак во фудбал, Баерн, инкасира над 200 пати поголема сума, од европскиот ракометен првак Хамбург, или точно 55 милиони евра. Најдобро мина Јувентус со вкупна заработка од 65,3 милиони евра. Фудбалот секако многу подобро котира во светот на спортот, но разликата, сепак, е преголема ако се смета наградниот фонд што го нудат УЕФА и ЕХФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top