Денеска во Нион со ждрепка беа одредени полуфиналните наптревари во Лигата на шампионите во фудбал.
Во полуфналните натпревари ќе се сретнат гигантите Реал Мадрид – Баерн Минхен, како и Атлетико Мадрид – Челси.
Ждрепката сакаше главните фаворити за титулата од почетокот на оваа сезона да се најдат во полуфинале.
Реал и Баерн заедно имаат освоено 14 титули во Лигата на шампионите.
Во второто полуфинале, Челси и Атлетико ќе ги одмерат силите во сенка на првото полуфинале и ќе се надеваат на пласман во финалето, кое се игра во Лисабон на 24 мај.
Првите натпревари се играат на 22 и на 23 април, додека реваншите се една недела подоцна, на 29, односно 30 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


