| четврток, 6 декември 2018 |

Пампур: Имам многу идеи, само да застанам на нозе

Каде се...

Го запознавме преку „Пулсирања“, се смеевме на неговите легендарни анкети, го слушавме во радио емисии, од него дознававме што има ново во филмскиот свет, ни носеше трач-муабети од нашиот џет сет, го читавме во повеќе медиуми… Тоа е Реџеп Пампур, некогаш препознатливо лице од Македонската Радио Телевизија.

Човек кој не пропушта прилика за коктел-дружење, „Новинар на годината“ – според келнерите.  Каде е Реџо денес? Три години по сообраќајната незгода со неговиот мотор тој се уште се бори повторно да стане на нозе, да се врати каде што единствено припаѓа – во јавниот живот. Човекот кој ги прашуваше луѓето „Што мислите за пратеникот Реџеп Пампур“ се соочи со компликации по операцијата, со нови и нови операции.

– Дома сум три години. Во фаза сум на опоравување. Може не сум активен во медиумите, но активно следам што има по медиумите. Откако ќе застанам на нозе планирам повторно да се вратам на телевизија со емисија за филмските случувања. Додека лежам имам многу време за размислување, за креирање, за идеи… – вели Пампур.

Тој секогаш може и знае како! Може да го издржи и ова и повторно да застане пред малите екрани!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top