Романите на Гоце Смилевски се објавуваат во се повеќе земји во светот. „Сестрата на Зигмунд Фројд“ деновиве се појави во Албанија, во издание на „Ботимет Морава“ од Тирана, а во превод на албански јазик на Агим Доксани.
„Сестрата на Зигмунд Фројд“ е објавен и во Данска, во издание на „Росинанте“ од Копенхаген, а во превод на Камила Кристенсен. Овој роман на Гоце Смилевски неодамна доживеа втори изданија во Турција и Бразил.
Романот „Разговор со Спиноза“ деновиве е објавен во Холандија, во издание на „Антос“ од Амстердам, во превод на Рул Шујт.
За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија, а минатата година Наградата за медитеранска култура.
Делото е преведено на преку триесет јазици во светот. Романот „Разговор со Спиноза“ се преведува на дваесетина јазици во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.