| четврток, 6 декември 2018 |

Во Ѓорче Петров се гради полициска станица

policiska-gorce

Почна се да расчистува теренот каде што ќе се гради новата полициска станица во општина Ѓорче Петров. Се расчистуваат и оградуваат 1.668 квадратни метри плац на кој ќе се реализира новата трикатница каде што, покрај полицијата, ќе биде сместена и противпожарната единица.

Новиот објект ќе биде лоциран во близина на црквата „Св. Петар и Павле“ и во непосредна близина на дотраената зграда на противпожарната единица. Зградата ќе има вкупно 3.210 квадратни метри корисна површина. Со почетокот на овој проект општината ќе почне со реализирање на третата фаза за дооформување на проектот „Реонски парк- Ѓорче Петров“.

Наскоро ќе почнат и градежните работи и треба да бидат завршени за 32 месеци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top