
Денеска ќе се одржи манифестацијата „Отворен ден – запознајте го УКИМ“. Оваа манифестација е наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за сите што сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.
Настанот ќе се одржи на плоштадот во кампусот за општествени науки на УКИМ, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите. Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.
Покрај другите активности, предвидена е забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Бени и „Нонстоп“ и „Пеперминт“.
Отворениот ден на УКИМ ќе се одржи од 10 до 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


