| четврток, 6 декември 2018 |

Победи за Сан Антонио и за Денвер

Интересен натпревар се одигра во Окланд, каде што Денвер го победи Голден стејт со 100-99. Нагетс, предводен од Тимофеј Мозгов, направи целосен пресврт на мечот, а Кенет Фарид им ја донесе победата со кош на самиот крај од натпреварот.

Мозгов имаше рекорден ефект од 23 поени и неверојатни 29 скока, Ренди Фој постигна 20 поени, а Фарид, покрај 18 поени, имаше и 17 скока.

Стефон Кари за Вориорс беше најефикасниот играч со 24 поени, додека Клеј Томсон постигна 21 поен.

Сан Антонио спарс со резултат 109-100 го совлада Далас, а најзаслужни за триумфот беа Патрик Милс со 26 поени, Тим Данкан уфрли 20 поени и запиша 10 скока, додека Кави Леонард имаше ефект од 16 поени и исто толку скока.

Монта Елис беше најефикасен игра на Маверикс со 24 поени, Дирк Новицки го заврши натпреварот со 19 поени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top