| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Нема воени активности на Русија во Украина

russia_01
– Русија не презема никакви воени активности на територијата на Украина – изјави денеска претставникот на руското МНР Александар Лукашевич.
Според него, Украина по пат на мрежата за комуникација на ОБСЕ упатила повик до Холандија да упати свои претставници во Киев, заради помош во „отстранувањето на загриженоста во врска со воената активност на Руската Федерација во зоната за примена на
мерките за јакнење на довербата и безбедноста на територијата на Украина“.
Во повикот, рече Лукашевич, се наведува дека областа на посета ќе биде прецизирана по доаѓањето на холандската група и може да биде проширена.
– Сакам да нагласам дека на територијата на Украина, Русија не спроведува никакви воени активности. Затоа, колку да ја шириме „областа на посета“, нема да бидат пронајдени нејзинитраги – рече претставникот на руското МНР, додавајќи дека тоа, меѓу останатото, го потврдиле резултатите од работата на инспекторската група во која биле Данци, Германци, Полјаци, Австријци и Швеѓани, кои ја посетиле Украина од 20 март до 2 април и биле во областите Харков, Доњецк, Мариупољ, Николајев и Одеса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top