Главна цел на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години е вработување на младите лица и во таа насока се предвидени повеќе добри проекти, изјави денеска Зоран Ставрески, носител на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица.
– Секој млад човек што сака да се самовработи може да добие 7.000 евра за сопствено вработување, а може да вработи уште четири лица во истата фирма кои ќе добијат по 4.000 евра. Значи вкупно 23.000 евра е финансиската поддршка што е предвидена за самовработување и средствата се даваат на вкупно седум години, од кои една и пол година е грејс-период и пет и пол години рок на враќање – рече Ставрески.
Втората мерка, како што поосчи, е плаќањето на придонесите за младите лица и персоналниот данок. Доколку бидат вработени од страна на работодавец, Владата ќе ги плати придонесите за здравствено, пензиско и социјално осигурување за 12 месеци, а работодавецот ќе биде ослободен од персонален данок. За сметка на тоа работодавецот се обврзува да ги здржи на работа уште дополнителни 12 месеци, а може и повеќе.
– Со вакви мерки, како и со отворањето работни места во слободните и индустриските зони, новите фабрики што ги очекуваме во следниот период, очекувањата се дека драстично ќе се намали невработеноста кај младите лица, односно ќе се отворат многу нови можности за вработување на младите – изјави Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони



