На 46. Илинденски кајакaрски слалом, кој ќе се одржи на 12 и 13 април на реката Треска, ќе учествуваат 95 натпреварувачи од 10 земји, како од Македонија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Турција, Конго, Украина и од Русија.
На овој ИКАС ќе настапат Мариниќ Матија од Хрватска, кој е европски првак од 2011 година, и вицеевропскиот првак до 23 години Сработник Мартин.
Околу 20 кајакари од Македонија ќе се обидат да дојдат до некои од медалите, а по една година пауза на патеките се враќа и Атанас Николовски.
В петок во 19 часот во Музејот на народна борба ќе биде свечено отворен настанот со кратка презентација, а веќе в сабота во 10 часот ќе почнат квалификациите. Полуфиналните и финалните возења ќе бидат одржани наредниот ден.
За сите оние кои сакаат да го посетат овој настан ќе има организиран бесплатен превоз до Матка. Првиот автобус со број 60 тргнува од Транспортен центар во 9.30 часот.
Годинава се обезбедени 650 илјади денари за развој на овој спорт во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


