Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, заедно со архитектонското биро „Мегарон-инженеринг“ го промовираше новиот стадион кој треба да почне со изградба на 1 јуни и ќе чини повеќе од осум милиони евра.
Домот на ФК Пелистер ќе има капацитет од 12 илјади гледачи и ќе биде од втора категорија по стандардите на ФИФА и на УЕФА и на него ќе може да се играат меѓународни натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија.
– Ќе бидат изградени три нови трибини, а ќе се реконструира сегашната јужна трибина. Ќе изградиме фудбалски стадион кој Битола од Хераклеја до денес никогаш го немала. Реализацијата на проектот ќе почне од 1 јуни, а најголемата инвестиција и содржини се поврзани со северната трибина која чини околу 4,5 милиони евра, додека вредноста на целиот стадион е околу 8 милиони евра – изјави Талевски на прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.