| четврток, 6 декември 2018 |

Западот подобар од Истокот, Крис Пол најдобар

Западната конференција го доби третиот ол-стар натпревар по ред, овој пат во Хјустон со 143-138.
Играчот на Лос Анџелес Клиперс, Крис Пол, ја заслужи наградата најкорисен играч во финалето (МВП), постигнувајќи 20 поени, комбинирани со 15 асистенции.
Особено атрактивно беше додавањето до Коби Брајант, едно од вкупно 15 на мечот.

Тоа е прва награда најкорисен играч на ол-стар натпревар во историјата на Клиперс.
Кандидат за признанието беше и клупскиот соиграч на Пол, Блејк Грифин кој постигна 19 поени.
Тој сепак не доби ниту еден глас во изборот за МВП, а тука убедлив беше бекот Пол.

– Ве молам побрзајте, треба да одам до Лас Вегас- рече на шега Пол по натрепварот.

Жири комисијата му додели 8 гласа, 2 доби Коби Брајант, а по еден заслужија Кевин Дурант и Леброн Џејмс.
Дурант даде 30 поени со што беше најефикасен на мечот, а Џејмс постигна за него скромни 19 поени.
Погледнете ги најдобрите 5 моменти од синќешното шоу во Хјустон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top