
На Самот за образование и кариера, кој почнува денеска, ќе се претстават триесетина универзитети и образовни институции со повеќе од 150 факултети од земјава и странство. Манифестацијата „Денови на образование и кариера 2014“ ќе трае наредните три дена.
На манифестацијата ќе учествуваат 17 домашни и 13 странски изложувачи, како и институции од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Чешка, Унгарија, Русија, Германија, Словачка, Италија, Швајцарија, Велика Британија, САД и Кина.
На овој настан истовремено ќе бидат присутни национални и интернационални образовни установи, како и агенции за професионална ориентација и неформално образование и компании кои нудат програми за преквалификација.
Покрај штандовски претставувања на институциите, има и програма на презентации на образовните програми на учесниците на саемот, а посебен акцент ќе биде ставен на стипендиите, односно можностите за стипендирање за студии надвор во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


